Стивенсон се справи со Бика! (ВИДЕО)

Адонис стивенсон сакио бик

Адонис Стивенсон од Канада ја одбрани титулата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во лесно-тешка категорија. Канадската ѕвезда се наметна над поранешниот носител на светската круна, Сакио Бика – Шкорпија од Австралија, на галавечерта во Квебек (Канада). Средбата беше многу неизвесна до петата рунда, кога Австралиецот беше соборен и се најде во нокдаун. Следуваше уште еден во наредната и третиот во деветата рунда. Тоа беше доволно за Стивенсон да ја зголеми солидната предност во бележниците на судиите. Тие средбата ја пресудија вокорист на Канаѓанецот: 115:111, 116:111, 115:110.

https://youtu.be/A0S-x23N19c

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО