Стивен Сигал застан во одбрана на Хабиб за нападот на Дилон Данис (ВИДЕО)

Минатата година Хабиб Нурмагомедов одбрани титулата во лесна категорија со победата над Конор Мек Грегор со сабмишн, но веднаш потоа скокна во публиката за да се пресмета со Дилон Данис, заради што доби суспензија од 9 месеци и парична казна од 500.000 долари. Многу луѓе го критикуваа Хабиб за потегот што го направи, но филмската ѕвездата и аикидо мајстор Стивен Сигал не е меѓу нив. Тој во интервју изјави дека е импресиониран од настапот на Хабиб и на негово место би го сторил истото.

„Мислам дека Хабиб го надмудри Конор Мек Грегор во секој аспект. Можам да кажам дека дури и во стојка успеа да го надмудри. Мислам дека неговата борба на теренот беше многу подобра. Беше подобриот борец насекаде и успеа да доминира и чесно да го победи.

Го осудувам ли она што го направи тој по борбата? Не! Дури и како дипломат ќе кажам дека не го осудувам. Кога зборуваш лошо за еден човек, неговото семејство, татко, жена, мајка, татковина, религија треба да се справиш со последиците. И јас би го направил истото да бев на местото на Хабиб“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО