Бадр Хари: Оваа година ќе ги „убијам“ сите во тешка категорија

Пред неколку дена скандал го затресе Глори откако беше објавено дека Бадр Хари и уште тројца елитни кикбокери се позитивни на допинг тестовите. Од Глори се уште одбиваат да ја коментираат новонстаната ситуација, но веднаш презеле акција и побарале итна правна помош од англиската фирма „Морган лоу“, која во текот на годините и помогна на многуа спортисти кои имаат проблеми со допинг тестови.

Во моментов се уште тече истрагата, и, ако Хари биде прогласен за виновен, ќе добие казна од 4 години. Сепак, тоа не го загрижува и тој не престанува да тренира и да и се заканува на сите во тешка категорија. Денес изјави дека годината ќе биде негова и ќе сее страв во тешка категорија на Глори.

„Нема противречности. Нема огромна комуникациска кампања. Фактите сами ќе зборуваат за себе. Ја научив вредноста на здравата работа, како да се натпреварувам, како да ги надминувам лимитот преку кикбоксот. Најголемата работа е поздрав од кога било, за да „убиеш“ тешкаш на Глори. За моите обожаватели: Ви благодарам за безусловната поддршка … 2019 ќе биде наша. Тие не се подготвени“.

https://www.instagram.com/p/BtUAE64l0PH/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО