Поставен појасот на Жорж Сент Пјер во Историскиот музеј на Канада (ВИДЕО)

Легендарниот борец Жорж Сент Пјер доби уште едно големо признание. Неговиот појас, кој го одбрани на УФЦ 94 со нокаут над БЈ Пен, сега е во Канадскиот историски музеј. Приказната за појасот е доста интересна, бидејќи ЖСП му го продава на пријател кој имал ММА сала, при што му дозволил да тренира бесплатно, кога ЖСП не беше толку голема ѕвезда и имаше финансиски проблеми.

Жорж вели дека тој пријател се развел од неговата сопруга и појасот не бил кај него. По некое време, оваа титула се појави на интернет и огласена за продажба. Тука, луѓето во музејот интервенирале и успеале да ја купат титулата (појасот), бидејќи последната понудена цена била 55.527 долари. ЖСП присуствуваше на церемонијата и му се заблагодари на музејот на социјалните мрежи.

„Многу сум горд што денеска учествував на претставувањето на мојот УФЦ 94 појас во Канадскиот музеј за историја. Појасот, кој може да се изгуби како резултат на несреќни околности, сега е во добри раце на долг рок. Голема чест е титулата да биде јавно претавена во така престижна институција. Ја искажувам мојата длабока благодарност до раководството на музејот, како и до јавноста, која толку многу ме насочуваше во текот на годините“!

https://www.instagram.com/p/BtUORBUn6RV/?utm_source=ig_embed

Пред само 10 години, ЖСП успеа да ја одбрани титула против БЈн Пен на УФЦ 94, а денес се наоѓа во музејот.

Титулата ќе биде изложена во лобито на музејот од 1 февруари до 4 февруари и секој ќе може да ја види бесплатно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО