Стипе се уште бесен: Мене би ме шутнале на страна и би му дале шанса на Леснар!?

Поранешниот шампион на УФЦ, Стипе Миочиќ, не се откажува од реваншот против Даниел Кормиер за кој смета дека му припаѓа како најуспешен УФЦ првак во историјата на тешка категорија. Американско-хрватскиот борец не престанува да повторува дека ова е единствениот меч за кој во моментов е заинтересиран, а истото го рече и во последното интервју за ЕСПН.

„Сакам меч за шампионска титула. Тоа е нешто што го заслужувам“, повтори многу лутиот Стипе кој овие денови треба да стане татко за прв пат.

Но, впечатокот е дека мечот Миочиќ – Кормиер 2 не е во интерес ниту на УФЦ ниту на новопечениот шампион, кој на крајот на кариерата сака помрсен чек, што сигурно ќе го заработи ако се бори со ВВЕ-ѕвездата Брок Леснар.

Според последните информации, Леснар се врати во анти-допинг програмата на УСАДА, па во во акција, ако себиде во ред со неговото тестирање, може да го видиме во јануари 2019 година. Кормиер е подготвен да почека, но Миочиќ не е …

„Колку долго Леснар не се борел? Видете, не е фер што тој да добие шанса да стане шампион, а мене само да ме шутнат на страна. Мислам дека УФЦ е очаен и дека само ППГ преносите и нивната продажба им се во главата“, додаде Стипе кој не сака да чуе коебило друго сценарио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО