Стипе Миочиќ првпат го коментираше откажувањето на мечот против Џонс

Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ требаше да се бори со Џон Џонс за титулата во тешка категорија на 11 ноември на настанот УФЦ 295.

Но, шампионот се повреди на тренинг и го откажа настапот во Медисон сквер гарден.

Четириесет и едногодишниот Миочиќ со недели се подготвува за борбата и секако сега е многу разочаран што остана без неа.

Преку платформата Онли фанс го коментираше откажувањето на мечот и порача дека се уште не се повлекува.

„Ме разбуди вибрацијата на мобилниот телефон, менаџерот ме извести дека борбата е откажана. Чувствував како некој да ме удрил во мадињата кога дознав“, рече Стипе Миочиќ и додаде:

„Не можев да заспијам цела ноќ. Бев возбуден поради борбата со Џонс. Се случуваат повреди. Се надевам дека ќе биде подобро. Не знам дали ќе се борам со друг противник“.

Но, настанот во Њујорк доби нова главна борба, борба за титулата во полутешка категорија меѓу Јиржи Прохаска и Алекс Переира.

Во конасловната борба не чека пресметката меѓу Сергеј Павлович и Том Аспинал за привремениот појас во тешка категорија.

Џонс ги повреди тетивата на рамото и пекторалниот мускул, па мораше да оди на операција, по што го чека долго закрепнување. Ќе влезе ли Миочиќ повторно во октагонот и кога?

„Не знам зошто не ме избраа мене, но ја прифаќам одлуката. Разбирам дека имаат пат по кој сакаат да одат. Секој борец во дивизијата е тежок противник. Но, дефинитивно сакам да се борам против најголемиот, а тоа е Џон Џонс“, истакна Стипе Миочиќ и подвлече:

„Тоа не беше моја одлука, туку нивна. Се се случува со причина. Борбата беше откажана и тоа е ср*ње. Но, и тоа се случува. Се надевам дека Џонс е добро. Ако сакате да бидете најдобри, треба да ги победите најдобрите. Сакам да си го вратам појасот, тој е мој“.

Стипе засега нема настап, а претседателот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека не сака да бара од Миочиќ да се бори за привремената титула, бидејќи тоа би било „неправедно кон него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО