Тајсон Фјури два и пол килограми e потежок од Френсис Нгану (ВИДЕО)

Судирот меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану ќе биде главен меч на саботниот боксерски спектакл во Саудиска Арабија.

Пред мечот и двајцата стапнаа на вагата, што покажа дека Фјури и Нгану заедно тежат речиси 250 килограми!

Имено, за британскиот тешкаш вагата покажа 125,9, додека Нгану тежи 123,4 килограми.

Кралот на Ромите варираше по тежина во последните три натпревари. Во третата борба против Дионтеј Вајлдер тежеше 125,2 килограми, додека во подоцнежните борби беше нешто полесен против Дилиен Вајт (119,7 кг) и Дерек Чисора (121,9).

Френсис Нгану никогаш не тежел повеќе од 120,5 килограми додека се борел во УФЦ. Пред мечот против Сирил Гане имаше 116,6, а на мечот против Миочиќ вагата покажа 119,3 килограми.

Настанот во Ријад нуди уште неколку интересни натпревари. Мартин Баколе се враќа во рингот против Карлос Такам, кој неодамна го победи Тони Јока.

Тренинг партнерот на Фјури, Џозеф Паркер се соочува со канадскиот тешкаш Сајмон Кин.

Фабио Вордли и предизвикувачот Дејвид Аделај ќе се борат за титулата британски шампион во тешка категорија.

Наместо Агрон Смакиќи на настанот се приклучи Јуниор Ентони Рајт, кој ќе се бори против Арсланбек Махмудов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО