Стипе Миочиќ предвидува голема експлозија против Џон Џонс

Стипе Миочиќ го даде првиот коментар за борбата со Џон Џонс.

Пред неколку дена и официјално беше објавена нивната средба. Борбата за титулата во тешка категорија е водечка на настанот УФЦ 295 во ноември во Њујорк. Џонс, поранешен двократен шампион во полутешка категорија, ја освои слободната титула во тешка категорија.

Ова се случи во март годинава откако за 2 минути го заврши Сирил Гане. Џонс и тогаш ја посакуваше борбата со Миочиќ, кој беше во салата и го прифати предизвикот. Стипе ја загуби титулата од Френсис Нгану, кој го нокаутираше во март 2021 година.

И покрај тој пораз и неговото последователно отсуство, Миочиќ вети дека ќе докаже дека го заслужува златото во тешка категорија.

„11-ти ноември, го чекав овој ден. Ова е борбата што ја сакам. Ова е борбата што тој ја сака, нема ништо подобро. Подготвен сум. Навистина сум возбуден.

Едвај го чекам 11-ти ноември, се надевам дека ќе дојде порано. Стиловите ги прават борбите и мислам дека имаме два одлични стила за создавање електрицитет и голема експлозија.

Мислам дека тоа ќе биде апсолутно неверојатна борба. Ќе излезам во кафез и ќе им покажам на многу луѓе дека заслужувам да бидам шампион во тешка категорија“, изјави Миочиќ во интервјуто со Меган Оливи за ЕСПН ММА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО