Стипе Миочиќ пред мечот против Џон Џонс: Ќе го победам и појасот повторно ќе ми биде околу половината

Стипе Миочиќ повторно доби шанса да дојде на тронот на најголемата светска организација ММА.

Американско-хрватскиот борец на 11 ноември на настанот УФЦ 295 во Њујорк се бори со шампионот во тешка категорија и еден од најдобрите на сите времиња, Џон Џонс.

Тоа ќе биде прв меч за Миочиќ од март 2021 година, кога загуби од Френсис Нгану со нокаут и остана без титула.

Стипе за еден месец ќе го прослави 41-от роденден и ова може да му биде последна шанса повторно да го достигне врвот.

Пожарникарот од Кливленд во многу анализи е аутсајдер на мечот против Боунс, но тоа не му пречи премногу.

„Ќе го победам и појасот повторно ќе ми биде околу половината. Едноставно ќе бидам подобар борец од него во тој момент. Дефинитивно одам до целта. Правам се што треба, ништо не сменив“, рече Стипе Миочиќ и додаде:

„Се уште работам и имам дежурство во противпожарната станица. Нема спаринг секој ден и не работам на фокусери. Но, сепак ја одржувам кондицијата, кревам тегови… И успевам да се одморам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО