Стипе Миочиќ против Андреј Арловски

stipe miocic -maldonado

Стипе Миочиќ овој викенд требаше да се бори со Бен Ротвел во Даблин, но поради повреда мораше да се откаже настапот.

„Пожарникарот“ ќе се врати на 2 јануари 2016 година на УФЦ 195 против поранешниот шампион Андреј Арловски, објави Лос Анџелес Тајмс.

Белорусинот, кој има 36 години, во последната борба го победи поранешниот двократен шампион во тешка категорија на УФЦ, Френк Мир, во серија од шест победи по ред, од кои четири се во УФЦ.

Победникот од таа борба ќе има голема шанса да стане следниот предизвикувач за титулата во тешка категорија.

Во главниот борба на УФЦ195 во Лас Вегас, Роби Лоулер ја брани титулата во велтер категорија против Карлос Кондит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО