Стипе Миочиќ побара реванш од Кормиер

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Стипе Миочиќ побара реванш од Даниел Коример.

Да потсетиме дека тие се бореа минатата година, при што Кормиер успеа да го победи Американецот со хрватско потекло.

Миочиќ дури му предложи и датум за втората борба и се надева дека ќе се сретнат на 20 март.

Даниел Кормиер направи една одбрана на титулата против Дерик Луис. Се очекува да се сретне со Брок Леснар, кој сѐ уште има обврски во кечерското борење.

Миочиќ не се борел од летото кога ја загуби титулата од Кормиер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО