Стигна наредба за меч Џошуа – Поветкин за 150 дена!

Светската боксерска асоцијација (ВБА) официјално го одреди Александар Поветкин за задолжителен предезвикувач за шампионскиот појас во тешка категорија.

Тоа значи дека Поветкин ќе треба да излезе на рингот против актуелниот носител на титулата Британецот, Ентони Џошуа, најдоцна во почетокот на септември.

„Поветкин денеска официјално е номиниран за задолжителен предизвикувач на Џошуа за титулата во верзијата на ВБА. Во рок од 150 дена средбата треба да се одржи. Џошуа нема право да боксува со никого до дуелот со Саша. Имаме 30 дена за преговори“, напиша на Твитер агентот на рускиот боксер Андреј Рјабински.

28-годишниот Англичанец Џошуа кој има 21 победа во 21 меч на професионалниот ринг (20 со нокаут), ги држи шампионските појаси уште во верзиите на Меѓународна боксерска федерација (ИБФ), Меѓународна боксерска организација (ИБО) и Светска боксерска организација (ВБО).

38-годишниот Поветкин забележа 33 победи (23 со нокаут) во 34 натпревари, неговиот единствен пораз е на поени од украинската легенда Владимир Кличко во 2013 година.

Последен пат на рингот се појавија во Кардиф на 31 март, Џошуа го победи убедливо на поени со едоногласна судиски одлука Новозеландецот Џозеф Паркер и му го одзеде шампионскиот појас на Светска боксерска организација (ВБО), а Поветкин го нокаутира Англичанецот Дејвид Прајс и ги одбрани интерконтиненталните титули во верзиите на Светска боксерска асоцијација и Светската боксерска организација.

Ако двете страни не се договорат за датумот и местото на одржување на средбата, како и за хонорарите, тогаш ќе одат на аукција. Ова значи дека средбата може да се одржи во Русија. Рјабински пред неколку години понуди повеќе од 21 милион долари, за да го доведе Владимир Кличко во татковината на Поветкин.

https://youtu.be/dGFhyMPBJmI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО