Стефан Стојановиќ ќе се бори за европска бронза во Прага

Стефан Стојановиќ (+84 кг) е третиот македонски каратист што ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Прага-Чешка, во У-21.

Стојановиќ се бореше за влез во финалето, но загуби од Словакот Томас Коса со 3-8.

Стефан во првото коло беше слободен, а потоа извојува две победи против Анес Бостанџиќ од Босна и Херецговина 3-1 и Константинос Папастергиос од Германија 3-0.

Од останатите каратисти во У-21 само Витомир Трајковски извојува две победи.

Така, Македонија утре ќе има тројца претставници во борбите за брозениот медал, тоа се: Стефан Стојановиќ (+84 кг) во У-21, јуниорот Љупче Михајлов (-68 кг) и ката тимот кадети јуниори (Пешков, Стојановски и Андриќ).

На Европското првенство настапуваат 1084 натпреварувачи од 48 држави.

Резутати – Европско првенство кадети, јуниори и У-21:

У-21
-50 кг
Марија Петровска – Елена Цуцу (Романија) 2-2
Марија Петровска – Асија Агус (Италија) 0-5

-55 кг
Марија Милева – Валентина Пачино (Италија) 0-2

-61 кг
Викторија Јовановска – Лаура Лисац (Хрватска) 2-2
Викторија Јовановска – Киа Копонен (Финска) 0-4

-68 кг
Берна Беќири – Суденур Аксој (Турција) 0-3

-60 кг
Бојан Костов – Албинот Селмани (Косово) 1-2

-67 кг
Глигор Хаџи Кимов – Матјас Брунер (Швајцарија) 4-0
Глигор Хаџи Кимов – Артем Середа (Украина) 1-2

-75 кг
Марио Свинарски – Марош Јановчик (Словачка) 1-9
Марио Свинарски – Хајк Карајан (Ерменија) 2-4

-84 кг
Витомир Трајковски – Маркус Марканен (Шведска) 4-0
Витомир Трајковски – Данил Анисимов (Белгија) 4-3
Витомир Трајковски – Јане Хауболд (Германија) 3-5

+84
Стефан Стојановиќ – Анес Бостанџиќ (БиХ) 3-1
Стефан Стојановиќ – Константинос Папастергиос (Германија) 3-0
Полуфинале
Стефан Стојановиќ – Томас Коса (Словачка) 3-8
За бронза
Стефан Стојановиќ – Уго Хеим (Франција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО