Стефан Пецевски апсолутен победник на „Охрид опен БЏЏ“, Стронгест пред Рутс и Карлос Маја (ФОТО)

На првиот меѓународен БЏЏ турнир „Охрид опен БЏЏ“ Стефан Пецевски е апсолутниот победник (виолетови појаси), а Стронгест од Скопје е најуспешен клуб пред Рутс Охрид и Карлос Маја БЏЏ Скопје.

Стронгест освои 6 златни, 7 сребрени и 8 бронзени медали, Рутс Охрид – 3 злата, 8 сребра и 9 бронзи и Карлос Маја – 4 злата 2 среба и 5 бронзи.

Турнирот беше организиран од Рутс Охрид, а настапија натпреварувачи од Македонија, Албанија и Црна Гора. Судии беа браќата Јокмановиќ од Црна Гора, носители на црни појаси и светски лиценци за судење во БЏЏ, како и наши домашни високо почитувани судии Благоја Трајчевски Благоја и Стефан Пецевски.

„Најатрактивни борби имаа високите виолетови појаси, каде во апсолутна категорија златниот медал го освои Пецевски. Се натпреваруваа од категории за деца до возрасни високи појаси и категории. Освојувачите на медали беа високо наградувани и со пакет подароци. Се надеваме дека овај натпревар ќе прерасне во традиција за натпреварување во овај период од годината“, изјави организаторот Дејан Чолески.

Ipon.mk/В.Д

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО