Стефан Цубалевски со најмногу судени борби на ЕП во бокс во Ерменија

Нашиот меѓународен ИБА судија со 3 ѕвезди е број еден по судени борби на Европското првенство до 23 години во Ереван, Ерменија, под закрила на ЕУБЦ.
Од вкупно 72 борби Стефан Цубалевски судeше 46. Тој, како дел од репрезентацијата, зеде учество на ЕП Ерменија.

„Што значи ова за тие што не се дел од овој спорт? На секое поголемо натпреварување има двајца оценувачи кое го оценуваат секој бод како бодовен и секое движење и команда како ринговен, па според тоа даваат бодови и ти даваат доверба да судиш повеќе борби, ако не одиш со бодови во минус од нивната оцена“, вели Цубалевски.
На ова натпреварување оценувачи беа Анатолиј Кајгодоров од Молдавија и Валдемарт Менсел од Австрија, кои му дадоа најголема доверба на нашиот арбитар да судenoи дури 46 борби на ова големо натпреварување.

Сефан изразува благодарност до претседателот Кристијан Андреевски и потпретседателот Оливер Станков, без кои немало да се настапи на ова натпреварување.



