Станислав Грпов и Данил Николиски се враќаат со три одличја од „Источно Сараево опен“

Натпреварувачите на Осенсеи од Штип освоија три медали на Меѓународниот џиу џицу турнир „Источно Сараево опен“ во Босна и Херцеговина.

Станислав Грпов освои освои златен медал во не ваза, а во борби загуби во борбата за бронзата.

Данил Николиски се закити со сребрен медал и во не ваза и во борби.

Турнирот се одржа во источно Сараево, Р.Српска, на кој учествуваа 417 натпреварувачи од 25 клубови од 7 држави.

„Со оглед на големата конкуренција, јас сум задоволен од борбите на моите натпераврувачи“, изјави тренерот Виктор Велинов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО