Српските џудисти пред хрватските на Европскиот куп во Дубровник (ВИДЕО)

Се одржа Европскиот џудо куп во Дубровник – Хрватска, прв по корона паузата, што е добро за овој спорт.

Во однос на медалите српските џудисти беа најуспешни со 16 медали – 5 златни, 2 сребрени и 9 бронзени, додека домаќинот Хрватска освои 13 одличја (2-6-5), па Словенија 9 (2-2-5), Косово 3 (2-1-0), Италија 1 (1-0-0) и Босна и Херцеговина 1 (0-1-0).

На Купот настапија вкупно 98 натпреварувачи од шест држави.

Ќе забележиме дека и ние имавме преставник на Европскиот куп за сениори, ама меѓу судиите, тоа е Катерина Николоска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО