Шабан Трстена по четврти пат по ќе доделува Златни олимписки оскари

Олимпискиот шампион Шабан Трстена на 15 октомври по четврти пат по ќе доделува Златни олимписки оскари за личности и институции кои го подржувале во неговата кариера.

Свеченоста традиционално ќе се одржи во хотелот Александар палас во Скопје со почеток во 12 часот.

Годинава овој настан ќе биде со поинаков протокол, согласно законските одредби во врска со пандемијата на Ковид-19.

Да потсетиме, минатата година Златен олимписки оскар добија: Ѓорѓи Кузмановски – претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје; Антон Серечи – спортски новинар во радио Скопје на албански јазик; Мирослав Наумовски – долгогодишен спортски новинар; Мигена Горенца – главен и одговорен уредник на МТВ на албански јазик и Ванчо Чифлиганец – почесен претседател на Сојузот на боречки спортови.

Шабан Трстена е роден на 1 јануари 1965 во Скопје. На Олимпијадата во Лос Анџелес 1984 година освои златен медал во категоријата до 52 килограми, додека четири години подоцна на Олимпијадата во Сеул во 1988 години се закити со сребрениот медал. Освен овие одличја, Трстена е освојувач на бронзен медал на Светскиот шампионат во 1982 година. Тој е спортист на Југославија, а прогласен е за Спортист на 20 век во Република Македонија и е добитник на многу други награди. Вкупно, од големите меѓународни натпреварувања, ОИ, СП, ЕП, Медитеранските игри и БП освоил 19 медали.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО