Дилиен Вајт: Вајлдер е идиот

Дионтеј Вајлдер треба да се срами од себе. Ова мислење го искажа Дилиeн Вајт по отказот на Марк Бреланд, кој беше долгогодишен тренер на „Бронзениот бомбардер“.

„Тој не е вистински боксер – ако прави така“, почна Вајт.

„Марк Бреланд се направи како што треба. Дионтеј Вајлдер е идиот, да не го види тоа. Прими многу тешки удари кои можеа да му ја завршат кариерата. Тој беше удиран многу силно. Да не беше тимот на Вајлдер, можеше да биде многу тешко.

Тие момци си ја завршија работата. Го спасија, затоа што боксот не е игра. Гледате како неговиот тим вреска и скока – оваа битка воопшто не помина според планот“, додаде Вајт.

Боксерот истакна дека судијата требало многу порано да го прекине мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО