Српскиот џудист Немања Мајдов суспендиран пет месеци затоа што се прекрстил на Олимписките игри во Париз

Српскиот џудист Немања Мајдов се најде во центарот на вниманието поради одлуката да биде суспендиран на пет месеци затоа што се прекрстил пред борба на Олимписките игри.

Ваквата одлука предизвика бурни реакции, а Мајдов на социјалните мрежи го објави мејлот кој стигна на адреса на Џудо сојзуот на Србија.

„Драг господина Мајдов, во текот на петтиот ден на Олимписките игри во Париз на 31 јули 2024 година покажавте јасен религиски знак кога влегувавте во борилиштето за мечот со господинот Теодорес Целидис (Грција) во рамки од осминафиналето во категторијата до 90 килограми. Правилникот на Светската џудо федерација покажува дека има основа за казна бидејќи не смее да се покажува никаков предмет или религиско движење пред, во текот или на крајот од борбата“, стои во дописот до Мајдов и додава:

„Точно е, во одбранбеното писмо на дисциплинската постапка не сакав да се извинувам затоа што се прекрстив. Секкао дека не сум направил, ниту некогаш ќе го направам тоа, иако не ни знаев каква може да биде казната. Господ ми даде сè, како за мене приватно и за мојата кариера и Тој за мене е број 1. Се гордеам со тоа и нема да се промени во никој случај. Слава му и благодарност до Него за се“.

Сепак, ова се случи на Олимписките игри каде што бевме сведоци дека многу спортисти од различни земји јавно искажуваа верски пораки. Го видовме и прекрстувањето на неговиот сонародник, Новак Ѓоковиќ по освојувањето на златото.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО