Средбата меѓу Федор и Митрион ќе се одржи во јуни

Откако пропадна мечот меѓу Федор Емилијаненко и Мет Митрион, сепак има најава дека ќе се сретнат на еден од настаните во Белатор.

Ова ќе се случи на Белатор 180 на 24 јуни во Њујорк. Главниот настан на вечерта ќе биде дуел меѓу Каел Сонен и Вондерлеј Силва, а Федор и Митрион ќе бидат во втората борба на вечерта.

Тие требаше да се борат на Белатор 172, но средбата пропадна поради тешка бубрежна криза на Митрион.

За легендарниот Федор ова ќе биде деби во Белатор. Русинот има веќе на 40 години, но нема намера да засатане. Тој е со скор од 2-0, откако одлучи да го прекине своето повлекување од спортот.

Мет Митрион е со две последователни победи, откако го смени УФЦ со Белатор. Последен пат го победи Оли Томпсон со технички нокаут во јули 2016 година.

Настанот Белатор 180 ќе се одржи во Медисон сквер гарден во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО