Средба на 113 килограми тешкиот шампион во бодибилдинг и 68 кг црниот појас во бразилско џиу џицу (ВИДЕО)

Sauer i bilder

Декември 1994 година. Малку по победата на Хојс Грејси и бразилското џиу џицу над сите други боречки вештини на УФЦ 1 во 1993 година.

J

Ви претставуваме снимка со коментар од борбата меѓу шампионот во бодибилдинг на Јута – Ленс Бачлор, огромен маж, на мерењето имаше 113 килограми, кој би отстапил пред мал број на луѓе во целиот свет по чиста сила. Наспроти него застана Педро Сауер (68 кг), ученик на легендарниот Хиксон Грејси, кој сака да добие мечот со армбар. Дури и најсилните мажи не можат да ја спасат раката кога ќе биде нападнат лактот со правилен агол.

Сауер се стекнува црн појас во далечната 1985 година,пред лансирањето во бразилското џиу џицу тренирал бокс и таеквондо, но по првиот тренинг со браќата Грејс, тој се пронаоѓа во нивната уметност многу детално и ефикасно. Од тој ден па натаму, Сауер ги започна студиите во Грејси академијата.

Sauer i neko SAD

Педро Сауер е еден од најбараните инструктори по боречки вештини во САД, кој зад себе има стотици работилници во сите краеви на Америка. Во 2005 година, тој го добива признанието од Abu Dhabi Combat Club (ADCC) „Најдобар од најдобрите инструктори по бразилско џиу џицу” (Best of the Best Brazilian Jiu-Jitsu Instructor).

Sauer vo zafat

Запознајте се со мал детал при спроведувањето на армар прикажан од самиот Педро Сауер , кој може да ви ја подобри брзината на нападот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО