Тоше Цветков-Гладијаторот што сака да биде најдобар профи кикбоксер!

Tose cvetkov vo Zemun

Љубовта кон кик боксот се јавила како резултат на поагресивниот начин на борба, поголемиот адреналин и чуството за победа, за разлика од другите спортови, се мотивите што го натерале 23 годишниот скопјанец, Тоше Цветков, да се занимава со овој спорт.

„Едноставно, оставен си сам на себе, затоа што е индивидуален спорт. Не е екипен спорт, како фудбалот, кошарката и други вакви спортови. Ако не трчаш ти, ќе трча друг. Тука си оставен сам на себе, како гладијатор. Желбата за победа те води напред, за да видиш колку можеш и што можеш“, објаснува Цветков од кои причини го одбрал кик боксот.

Иако е млад, тој веќе има и две професионални борби. На 5 јули настапил во Земун, Србија, при што извојувал победа над фаворизираниот Давор Петковиќ со 2-1, а на 29 август во Младеновац, исто така во Србија, со прекин во третата рунда го победи Живомир Марковиќ во тешка категорија по К-1 правила.Tose cvetkov

„Тренирам на неколку места со индивидуални тренери. Следно што чекам е потврда за уводна борба на турнирот во Велес на 24 октомври по ММА правила. Потоа продолжувам да газам на меѓународената сцена“, вели Цветков.

Со кик бок се занимава четири години, а професионалните борби ги прави на отворени турнири, односно приватни организации, на кои може да се пријават борци од секаде. Цветков посочува дека во Земун турнирот „Бушидо вол 2“ бил организиран од страна на популарниот српски борец Душан Џакиќ, кој ќе настапи и во Велес. Во Младеновац турнирот е организиран од страна на Александар Вицковиќ, професионален ММА борец.

Инаку Цветков има и две аматерски борби на Државното првенство.

„Професионалниот кик бокс ме привлече затоа што сакам да бидам еден од најдобрите. Нормално, од профи до аматер има разлика. Една ипол година сум без клуб и вежбам индивидуално со тренери“, истакнува Цветков.

Билансот на Тоше на државните првенства е една победа  и еден  пораз, во професионалните води е со скор 2 од 2 (2 борби- 2 победи),  едната е со прекин во трета рунда.

Тој вели дека е во преговори за учество на Монтенегро фајт чемпиошип 4, што ќе се одржи во декември во Будва по К-1 правила.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО