Сребро за Христијан Симоновски на „Тирана опен Е2 ранг“

Христијан Симоновски од Таеквондо клуб Младост го освои сребрениот медал на Меѓународниот турнир „Тирана опен Е2 ранг“.

Симоновски извојува три 3 победи против противници од Грција, Италија, Грција и беше тесно пораенз во финалето од натпреварувач од Босна и Херцеговина со 2-1 во рунди.

„„Тирана опен Е2 ранг” е еден од најсилните натпревари на Балканот кој носи бодови за олимписка, светска и европска ранг листа.

Ова се нови 12 бодови за Христијан со кои сега ќе се искачи меѓу првите 25 натпреварувачи на ранг-листата.

Очекуваме до крајот на годината да биде во топ 10 натпреварувачи на светската ранг листа“, изјави тренерот Стефан Миленковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО