Рико Верховен е последниот полуфиналист на Големата награда на Глори, сo невидена леснотија го реши Лаидуни

Останува само едно место во полуфиналето на турнирот во тешка категорија Глори, а за него се изборија кралот на кик боксот Рико Верховен и Софијан Лаидуни. Мароканскиот тенк Набил Хачаб го чека победникот во следната рунда.

Веднаш на почетокот на борбата Лаидуни погоди низок удар и мечот накратко беше прекинат. Се беше во ред со шампионот и тие продолжија понатаму. Како одминуваше рундата, така Верховен беше се порелаксиран и почна да го притиска Французинот, кон крајот ја испрати најопасната комбинација и само потврди дека првите три минути му одеа.

Веднаш на почетокот на втората рунда го притисна на Лаидуни во аголот и упати неколку силни колена. Лесно создаваше притисок, удираше „кикови“ и обезбедуваше бодови од судиите. Кон крајот падна на подот, но немаше броење и можеше мирно да ги започне последните три минути.

Лаидуни тргна силно на почетокот од последната рунда, но контрите малку го успорија и потоа шампионот продолжи со ураганот. Накратко го стресе Французинот, но не успеа да го испрати на подот. Сепак, тоа не му требаше бидејќи доминираше во текот на целата борба и заслужено обезбеди премин во следната рунда. Славеше со едногласна одлука на судиите, а сега го чека мароканскиот тенк во можеби најинтересниот меч на хартија. Не пропуштајте го…

Донеги Абена – Тарик Хбабез
Тијани Безтати – Енрико Кел
Иван Галаз – Илијас Хамуш

Рико Верховен со одлука го победи Софијан Лаидуни
Набил Хачаб со одлука го победи Бенџамин Адегбуји
Леви Ригтерс го совлада Уку Јурхендал со КО 2, 1:52
Бахрам Раџабзаде со одлука го победи Кевин Тарик Осаро
Цихад Кепенек го победи Михал Блавџиевич со ТКО 2, 2:55

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО