Сребро и две бронзи за македонските самбисти на Балканското првенство (ФОТО)

Македонската самбисти денес освоија едно сребро две бронзи на Балканското самбо првенство за кадети во Софија, Бугарија.

Бронзениот медал го освои Мусај Беслими во категоријта до 46 килограми, додека со бронзи се закитија сестрите Теона Настоска -41 кг и Теа Настоска -44 кг.

„Мусај Беслими изгуби во финалето на продолжување на еден поен. Имајќи предвид дека има 250 натпреварувачи, сите наши борци се бореа до полуфинале и сите беа екстра добри. Ова е голем успех за Македонија – едно сребро и две бронзи“, вели селекторот Ердал Факиќ.

За нашата репрезентација настапуваат Мусај Беслими 46 кг, Стефан Стојков 53 кг, Јован Стојаноски 58 кг, Дамјан Смилков 64 кг, Ахмет Факиќ 71 кг и Андреј Трајчов 88 кг во машка конкуренција, а Теона Настоска -41 кг, Теа Настоска -44 кг, Елеонора Илиоска -54 кг, Амина Факиќ 59 кг и Марија Цветанова 65 кг.

На Балканското настапуваат 250 натпреварувачи од Македонија, Молдавија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО