Бобан Илиоски го освои појасот на СЕНШИ со прекин во првата рунда (ФОТО/ ВИДЕО)

Бобан Илиоски со прекин во првата рунда против Полјакот Јакуб Смигиелски го освои појасот и престижниот пехар на СЕНШИ во Свети Константин и Елена, Варна, Бугарија по правилата на КВУ фул контакт во категоријата до 85 килограми.

Илиоски стартуваше ударно и постигна многу силни комбинации во првите 30 секунди. Полјакот беше тешко потресен од десното кроше и падна во нокдаун. Со својата следна акција Бобан го заврши започнатото, па така вториот последователен меч на галата заврши со нокаут во првата рунда! Победа за Илиоски.

На овој престижен настан имаш учесници од 20 држави.

На овој настан настапи и Бени Османоски, претставен како борец од Швајцарија, но не помина славно, загуби со нокаут за 10 секунди од Едуард Алексанјан. Ова е еден од најбрзите нокаути во историјата на СЕНШИ, а судија на судирот беше трикратниот шампион во К-1 во тешка категорија Питер Аертс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО