Дан комисијата на ЏФСМ донесе битни одлуки и заклучоци за понатамошната работа

Вчера во Битола се одржа состанок на Дан комисијата при ЏФСМ, при што беа донесени битни одлуки и заклучоци.

Комисијата предводена од Ѓуро Илиќ (7 дан) и членовите Дејан Мицкоски (4 дан) и Драган Шеќероски (4 дан) донесе битни одлуки и заклучоци за понатамошната работа, со цел подигнување на квалитетот и едукацијата во напредувањето во степени -појаси на македонските џудисти.

Исто така на состанокот беа усвоени извештаите и верификацијата на џудо појаси од последните полагања, а беше усвоен и полугодишниот извештај за работата на Дан комисијата за 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО