Сребренов: Подготвени сме за Државното првенство, од Шапиев очекуваме титула и медал од СП

Во недела Кочани, односно БК Спартак, е домаќин на Државното првенство во борење за сениори и сениорки, кое ќе се одржи во салата на ООУ „Никола Карев“ со почеток во 11 часот.

Државниот шампионат е од големо значење, бидејќи директно ќе реши кој е шампион на Македонија, па затоа се очекува екипите на душекот да излезат со најдобрите борачи. Балканец и Лирија се најсеириозните кандидати за титулата, но Бучим и Вардар ќе се обидат да им ги расипат сметките, а домаќинот Спартак ќе дејствува од позадина.

Спартак се подготвува Државното првенство да го организира на највисоко ниво, бидејќи многу години сенироски шампионат не се одржал во Кочани. Од клубот се надеваат барем на една титула, а за тоа имаат адут во Расул Шапиев.

„Втора година како го водам клубот. Прва цел ми беше да привлечеме што повеќе деца во салата да се занимават со борење, бидејки е традиционален спорт во Кочани повеќе од 60 години и најуспешен. Имаме двајца олимпијци, Влатко Соколов и Коце Ефремов“, вели првиот човек на клубот Зоран Сребренов и додава:

„Досега учествуваме на сите натпревари. Се засиливме со Расул Шапиев кој настапува во најсилната лига во светот – Бундес лигата. Лани за запиша 15 победи од 16 борби, учествуваше на Европското превенство, а сега ќе оди на Светското првенство, од каде очекуваме медал. На Државното првенство ќе настапиме со Дамјан Крстов 57кг, Александар Павлев 70 кг, Илчо Веселинов 74 кг, Леон Трајанов 92 кг и Расул Шапиев 74 кг“.

Сребренов очекува на крајот на сезоната Спартак да заврши во првите шест екипи во гнералниот пласман.

„Догодина планираме да работиме на квалитет на нашите борачи со подготовки и посета на кампови. Планираме и заслувањена екипата со неколку борачи и пласман во првите 4. Сепак, нашата енергија најмногу ќе ја насочиме кон нашите млади таленти“, вели Сребренов и изразува благодарност до сите што го подржуват и помагаат клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО