Сребрениот од ЕП во карате Глигор Петков: Следната цел ми е Светското првенство во Чиле, како млад сениор!

Глигор Петков (+76 кг) го освои својот прв европски медал, и тоа сребрен медал, со што го постигна најголемиот успех во кариерата. Тој на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Алборг, Данска, во јуниорска конкуренција, го освои среброто откако во финалето загуби од Ирецот Крин Мек  Карти со 0-8.

Јуниорскиот репрезентативец на Македонија до финалето извојува четири победи и тоа против: Јоханес Корпела (Финска) 1-0, Пав  Хаструп (Данска) 0-0, Томас Коса (Словачка) 1-0 и Сергеј Калинин (Русија) 4-1.

Петков порачува дека го очекувал медалот во кој било сјај, но и дека ова не се, туку сака со брат му Давид Петков да станат најдобрите каратисти во светот.

Прв медал на европските првенства. Го очекуваше ова пред Европското првенство?
-Ова за мене е прв европски медал, за кој можам да кажам дека го очекував во којабило боја.

Што значи овој медал за тебе?
-Значи почеток на нешто поголемо. Патот до него не беше воопсто лесен, напротив подготовките беа долготрајни и  макотрпни.

Што се случи во финалето во кое загуби со висок резултат?
-Во борбата за златниот медал бев поразен поради лошиот тактички пристап. Сепак, задоволен сум од својот настап.

Кога ти беше најтешко на патот до медалот?
-До финалето стигнав извојувајќи чеитри победи над натпреварувачи од Финска, Данска, Словачка и Русија. Но, најтешко ми беше во полуфиналето против картистот од Русија. Сепак, успеав да го совладам со резлутат од 4-1.

Какви се палновите за во иднина?
-Следната цел ми е Светското првенство во Чиле каде што ќе се борам како млад сениор (У-21). Најголемата поддршка ја добивам од мојот клуб Макпетрол со тренерот Бошко Заборски, како и фамилија со мојот брат Давид.

Како е да се има постар брат каратист, кој патем е доста успешен?
-Од него имам многу научено во изминатите години. Како репрезентативец и професиналец, тој ги обезбедува сите услови кои се потребни за успех. Како помлад ги следам неговите постапки.

Браќата Петкови што можат да му донесат на македонското карате?
-Нашата цел е да продолжиме со уште поинтензивно темпо се додека не се најдеме меѓу најголемите имиња во карате спортот.

Резултати
Јуниори
+76
Глигор Петков – Јоханес Корпела (Финска) 1-0
Глигор Петков – Пав  Хаструп (Данска) 0-0
Глигор Петков – Томас Коса (Словачка) 1-0
Глигор Петков – Сергеј Калинин (Русија) 4-1
Финале
Глигор Петков – Крин Мек Карти (Ирска) 0-8

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО