Победа за Божиновски, порази на Муаремовски и Драгишиќ во Швајцарија (ФОТО)

Натпреварувачите од Македонија и Србија со половичен успех на Фајт најт настанот во Устер, Швајцарија. Филип Божиновски победи против Рахим Мираједин во ММА со прекин во првата рунда, Денис Муаремовски загуби на поени во К-1 за семи про аматер интернационалта Свис титула против Патрик Граф, а Слаѓан Драгишиќ е поразен на поени против Хаздрен Красниќи.

„Иако станаува збор за професионализам, секогаш го има она домаќин и гостин… Но, сепак сум задоволен од организацијата и од нашите борци, затоа што навистина беа многу блиску до победата.  За мене се победници, бидејќи направија чекор напред од аматери во професионалци, односно борби со вистински профи борци“, вели Ураим Саити, менаџер и промотор.

Тој истакнува дека на вакви настани има гости и други промотори и организатори со кои направил контакти за соработока со Ускана маршал артс академијата од Кичево. За 16 феврурари му побарале борци за настаните што ќе ги организираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО