Сребрен медал за Недим Шакири на Светската младинска лига во Умаг

Недим Шакири (-40 кг, У-14) загуби во финалето со 0-3 од Даниел Симоненко од Украина на Карате 1 младинската лига во Умаг, Хрватска. Сепак, ова е голем успех за младиот Шакири, затоа што сребрениот медал во Младинската светска лига има голема тежина  

Шакири во првото коло беше слободен, а потоа нанижа четири победи.

Само Марио Свинарски има позабележителен пласман од останатите каратисти, го освои седмото место во јуниорска конкуренција до 68 килограми.

У14 -40 кг
Недим Шакири – Емин Гусеинов (Украина) 5-0
Недим Шакири  – Никола Топличанец (Хрватска) 1-1
Недим Шакири – Исмаил Золота (Босна и Херцеговина) 2-0
Недим Шакири – Балинт Фишер (Унгарија) 5-0
Финале 
Недим Шакири  – Даниел Симоненко (Украина) 0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО