Сребрен медал за Бобан Илиоски на Европското првенство во Шпанија! (ВИДЕО)

Ilipski srebren medal na EP 2015

Бобан Илиоски  го освои сребрениот медал на Европското првенство за јуниори и кадети во Сан Себастијан, Шпанија.

Илиоски (-71 кг – лоу кик) во финалето беше поразен од Русинот Тимур Азизов.

„Изгубив во финалето од Русин со два поени разлика. Нареден пат нема да има бодови, ќе ја завршам во првата рунда“, порача Илиоски на Фесбук профилот.

Сепак, ова е голем успех за Илиоски, кој покажа напредок од минатата година, кога го освои бронзениот медал. Може да жалиме што не стана европски шампион, но мора да веруваме во неговите можности.

Моментот на свеченото доделување на медали на Бобан Илиоски може да го гледате на 1:57:35.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО