Сребрен и бронзен медал за Здравковски и Петров на Гран при Кроација, медали за Гладијатор во кати

Roberto Zdravkovski na GP Kroacija 2017

Клупските другари Роберто Здравковски и Ѓорги Петров од Партизан-Кочани на Меѓународниот карате турнир Гран при Кроација во Самобор-Хрватска, ги освоија сребрениот и бронзениот медал во категоријата до 48 килограми во конкуренција на млади кадети.

Здравковски во финалето е поразен од Сергеј Вучиќ од КК Енергија – Босна и Херцеговина. Претходно забележа три победи против натпреварувачи од Словенија и Италија, додека Петров имаше победа и пораз, а во репасажот совлада двајца Италијаци.

Gladijator na kata GP Kroacija 2017

Додека пак Марко Поптодоров и Марио Димчевски од Гладијатор од Велес во кати за ученици ги освоија златниот и бронзениот медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО