Спектакуларна најава за мечот Хабиб-Пориер (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер ќе ги одмерат силите во сабота во Абу Даби за УФЦ титулата во лесна категорија.

Одличниот Американец ќе се обиде да го направи она што на 27 други борци не им успеа – да го победи Хабиб, кој подготвен го чека својот прв меч по пауза од една година.

УФЦ организацијата подготви спектакуларна најава за оваа борба. Во неа се прикажани интересни детали за двајцата борци, а особебо тоа се однесува за Хабиб кој на последната борба славеше против Мек Грегор.

Се претпоставува дека овој меч би можел да ги собори сите рекорди кога се во прашање телевизиските преноси.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО