Драган Стојановски добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело!

Државната награда „8 Септември“ за животно дело ќе ја добие Драган Стојановски, претседателот на Карате федерацијата на Македонија.

Наградата ја доделува Агенцијата за млади и спорт и со неа се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници за придонес во развојот на македонскиот спорт годинава, додека четирите награди „8 Септември“ како признанија за остварувања во спортот ќе ги добијат – Кочо Димитровски, Томе Коцев, Слободан Николиќ и Атанас Николовски.

АМС денеска ги објави лауреатите на државната награда, која ќе се додели в недела на денот на независноста во 11 часот во Собранието на Македонија. Директорот на АМС, Дарко Каевски изјави дека оваа награда е благодарност од страна на државата кон сите што успеале да ја промовираат Македонија и да постигнат високи резултати

„Оваа година одборот за награди немаше воопшто лесна задача, во одлуката за доделување на петте награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Македонија на меѓународен план“, рече Ленче Алексовска-Величковска, претседателката на комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО