Спектакл: Васил Ломаченко против Николас Волтерс

vasil-lomacenko

За ноември е договорена спектакуларнa борба.
Васил Ломаченко (6-1, 4 КО) рече дека сака да се бори против најдобрите, тоа и го прави.

28-годишниот двоен олимписки шампион на 26 ноември во Лас Вегас прв пат ќе ја брани титулата во супер лесна категорија на ВБО против Николас Волтерс (26-0-1, 21 КО).

За оваа битка одамна се зборува, а Топ ранг конечно успеа да ја договори спектакуларната пресметка.

Прво се појавија проблеми за тежината, бидејќи Волтерс не беше сигурен дали сака да остане во преолесна категорија или во супер перолесна, а потоа на дневен ред дојдоа парите.

Ломаченко во супер пероелсна (-59 кг) во јуни го нокаутираше ВБО шампионот Роман Мартинез, и  стана светски шампион во две тежински категории во само седмиот професионален меч.

Непоразениот Јамајканец стана владетел на категоријата до 57,2 килограми во 2014 година, кога го нокаутираше Нонито Донаире. ВБА појасот го загуби на вагата за борбата со Мигел Маријаг, кој го победи на поени. Волтерс не се бореше од декември минатата година кога со контроверзна одлука на судиите ремизираше со Џејсон Сос, иако по едногласното мислење беше победник. Сос, во меѓувреме ја освои титулата на ВБА.

https://youtu.be/m1M-DrNcqSY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО