Специјална торта за Мек Грегор, за да прослави дека е најплатен спортист на светот (ФОТО)

Иако не е најдобар ни во УФЦ, Конор Мек Грегор е убедливо најплатен спортист, откако угледниот „Форбс“ објави дека ММА борецот од 5 јануари лани до 5 јануари годинава заработил неверојатни 180 милиони долари.

Мек Грегор излезе поплатен од најголемите фудбалски ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои се зад него со 130 односно 120 милиони долари, па во чест на „наградата“ дека е најплатен спортист доби специјално дизајнирана торта.

Тортата ја направија со слика од насловната страница на „Форбс“ посветена на него како најплатен спортист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО