Спасески на конференција во Будимпешта за борба против допингот

marjan-spaseski-pozira

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески во следните три дена ќе престојува во работна посета на Будимпешта, каде ќе земе учество на министерската конференција за министри надлежни за спортот, во организација на Советот на Европа.

На конференцијата учество ќе земат министрите за спорт од земјите членки на Советот на Европа, а ќе се дискутира за улогата на властите во адресирањето на предизвиците во борбата против допингот во спортот и манипулацијата со спортските натпревари. Во рамките на тркалезните маси, првите луѓе на спортот во Европа ќе разменат мислења соработката на националните власти со Светската антидопинг агенција (WADA), за можностите на Владите да ја зајакнат заштитата на фундаменталните права на спортистите, како и за доброто управување во спортот преку засилена соработка помеѓу властите, учесниците во спортските активности и спортските здруженија.

На самиотот предвидено е и потпишување на Конвенцијата на СЕ за интегрирана безбедност, сигурност и пристап кон фудбалските натпревари и други спортски настани, од страна на земјите кои сеуште не пристапиле кон потпишување на овој документ.

Спасески на маргините на самиотот ќе оствари средби со неколку свои колеги во насока напродлабочување на соработката во делот на спортот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО