Лирија е најдобра екипа за 2016 година, Тефејуз е втор, Бучим трет!

lirija-najdobra-ekipa-vo-makedonija

Лирија е најдобрата екипа во борење за 2016 година во Македонија.

По собирањето на бодовите од Државните и Изборните првенства во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција борачите на Лирија собраа 248 поени, втор е Тефејуз 120 поени, а Бучим е на третата позиција со 105 бода.

Ова е втора титула на Лирија едно по друго, откако и минатата година беше прогласена за најдобра.

Да потсетиме дека Балакнец од Штип ги бојкотираше повеќето првенства поради спорот со ФБСМ околу одземената организација на „Македонскиот бисер“.

Пехарите на најуспешните и ги предаде министерот за економија Дритон Кучи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО