Сопругата на Усик: Саша изгуби десет килограми за една недела од војната

Сопругата на светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ, ИБО Александар Усик, Екатерина, раскажа како нејзиниот сопруг ја преживеал воената инвазија на Русија во Украина.

„Саша изгуби десет килограми за една недела од војната. Беше толку преплашен, толку шокиран, толку растргнат. За него е многу, многу тешко. Никогаш не сме биле во таква ситуација. Никој не беше подготвен. Целата наша генерација… Такво нешто не можевме да замислиме. А потоа доаѓа шокот“, изјави Екатерина.

„Искрено, не сака да дава интервјуа. Неговиот став е јасен. Отсекогаш бил за Украина, секогаш ја величал и ќе ја велича се додека има доволно здравје и сила. Сега тој разбира колку му е важна неговата следна битка. За него секој натпревар е важен, но сега, кога се пролева крв кај нас, Украина сака да се велича и гордee. Толку сум горда што сум од Украина, што сум Украинка!“, изјави Екатерина.

Од почетокот на војната, Екатерина силно и смело го изрази својот став за она што се случува. Сопругата на Усик дури и не се двоумеше да им се закани на рускиот претседател Владимир Путин и на другите руски пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО