Соочување и прес-конференција на борците за УФЦ 267 (ВИДЕО)

Овој викенд ќе го следиме еден од најдобрите ММА настани во годината. Најголемата светска ММА организација (УФЦ) се враќа во Абу Даби со борбената карта за УФЦ 267, која вклучува големи имиња. Во главниот настан шампионот во полутешка категорија Јан Блахович ќе ја брани титулата против опасниот ветеран Гловер Тешеира.

Во коглавниот настан поранешниот шампион во петел категорија Пјотр Јан ќе се бори за привремената титула против Кори Сандаген. Ќе видиме и враќање на ѕвездите Ислам Махачев и Хамзат Чимаев, кои имаат битки со сериозни ривали.

Дана Вајт и неговите луѓе одржаа прес-конференција на која присуствуваа големите ѕвезди кои ќе се борат овој викенд.

Соочување:

Прес-конференција:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО