Солиден настап на џудистите на Европскиот куп Клуж-Напока во Романија

На Европскиот јуниорски куп Клуж-Напока во Романија македонските џудо репрезентативци деомстрираа солидна форма за овој период од годината. Најголема шанса за поголем успех имаше Еди Шерифовски кој имаше борба во репасажот.

На турнирот настапија 234 (139 мажи, 95 жени) натпреварувачи од 27 земји.

Резултати
-60 кг
Давор Велковски – Адријан Кристеску (Романија) победа со вазари
Давор Велковски – Адам Радвански (Романија) пораз со ипон
-73 кг
Јорданчо Ѓоргиоски – Алексеј Малец (Украина) пораз со вазари
-81 кг
Еди Шерифовски – Михајло Шаповалов (Украина) победа со ипон
Еди Шерифовски – Ѓакомо Гамба (Италија) пораз со ипон
Репасаж
Еди Шерифовски –Ненад Синановиќ (Црна Гора) пораз со ипон

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО