Сол Алварез е боксер број 1 според „Фајтњус“

Saul Alvarez so race krenati

Сол Алварез е најдобар боксер во 2015 година во рангирањето на престижниот сајт „Фајтњус“. Мексиканецот изненадувачки беше избран и покрај жестоката конкуренција. Талентот забележа две победи. Тој го нокаутира Џејмс Киркланд, а потоа го детронизираше шампионот на Светскиот боксерски совет во средна категорија Мигел Кото.

Други кандидати беа Флојд Мејведер кој ја заврши кариерата во септември, Генади Головкин, Роман Гонзалес, Сергеј Ковалев и Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО