Софија ја собира светската елита во таеквондо

На само една недела пред олимписките квалификации, Софија повторно ќе ги собере најдобрите таеквондисти од целиот свет.

Од денес до 4 март во Асикс арената се одржува второто издание на силниот меѓународен турнир „Бугарија опен“ Г1 2024. Во дисциплините „спаринг“ и „пумс“ ќе се натпреваруваат повеќе од 1.700 натпреварувачи од близу 30 земји. Натпреварот е за кадети и јуниори.

На овој турнир учествуваат и наши натпреварувачи.

Сето ова се случува, на само една недела пред второто домаќинство на олимписките квалификации во таеквондо. Патот до Париз 2024 година ќе минува низ главниот град на Бугарија. Кај нашиот сосед по втор пат се решаваат квотите за Олимпијадата. Повеќе од 500 спортисти ќе влезат од 9 до 11 март во битка за квоти за Олимпијадата во Париз за неколку месеци. Домаќин на квалификацискиот турнир е салата во Елин Пелин.

На квалификациите ќе настапат олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО