Собранието на ФБСМ задоволно од постигнатото, најави амбициозен проект за 2018 година (ФОТО)

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) денеска го одржа редовното годишно Собрание на кое со задоволство беше констатирано дека иако со многу опструкции Федерацијата го отплатила долгот спрема Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) и ја симнала суспензијата за настап на македонската репрезентација.

Од 20 клуба 18 присуствуваа на Собранието, односно 36 делегати.

Претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, рече иако некои му напрвиле лошо на борењето и ја опструирале нивната работа тие и посакуваат здравје и успех во животот.

„Ние што направивме за 10 месеци тие не го направија за 10 години. Нека гледаат од нас и нека учат“, порача Вренези.

Претседателот истакна дека долгот од 33.000 швајцарски франци е решен со помош на Македонскиот олимписки комитет и дека како заслужена награда е добиено Светското првенство за ветерани во 2018 година кое ќе биде тест за Светско првенство за кадети или У-23 во 2019 година. Според препораките, од овие првенства ќе треба да се акумулираат средства за развој на боречкиот спорт во нашата земја.

Со помош на МОК е обезбеден и бугарскиот стручњак Кирил Ватев. Агенцијата за млади и спорт помогнала со 4.000.000 денари.

Беа прифатени извештатите за работата на комисиите и презентирана програмата за развој на борењето во 2018 година. Во наредената година клубовите се ослободени од котизации, а ФБСМ пак ќе ги покрива трошоците за првенствата и турнирите.

Со прокетот за развој на борењето се предвидува да се направат пет регионални центри – Скопје, Штип, Радовиш, Кичево и Тетово.

Во ФБСМ примени пет нови клубови: Карбинци, Бучим Шампион, Карадак – Батинци, Дрвен – Сарај и Абдула Мемети – Љуботен.

Директорот на репрезентацијата, Страшо Глигоров, побара комисија да го расчисти случајот за финансиското работење од 2013 – 2015 година кој не беше расчистен на претходните собранија. Комисијата е формирана и ќе треба да изготви извештај за овој случај кој подолго време го бранува борењето.

Како една од битните работи на Собранието беше нагласена дисциплината како дел од спорсткиот дух кој трасира успеси. Претседателството побара Дисциплинската комисија да биде поригорозна.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО