Атанасов такеводно академија мајсторски стигна до пет медали на „Хереја опен 2017“ (ФОТО)

Атанасов таеквондо академијата викендов освои 2 златни медали, 2 сребрени и 1 бронзен на еден од највисоко рангираните Меѓународни турнири 8.„Хереја опен 2017“ во Софија, Бугарија.


„Христијан Спасовски на првото учество во сениорската конкуренција го заврши со две победи и златен медал.
Анастасија Видинска остави најголем впечаток на овој натпревар со 4 победи и пораз во финалето во последните секунди, со што го освои сребрениот медал.


Даријан Ангеловски со 3 победи го освои златниот медал.
Деспина Јовчевска оствари победа над натпреварувачката од Италија, но потоа изгуби во наредната борба и го освои бронзениот медал.
Христијан Спировски исто така оствари една победа но несреќно изгуби во последните секунди од наредната борба и се закити со сребрениот медал.
Сите други покажаа значителен напредок и желба за понатамошен успех“, истакнува тренерот Ацо Атанасов.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО