Две сребра за Димовски и Цеков од Феникс кик на Хереја опен (ФОТО)

Изминатиот викенд Таеквондо клубот Феникс кик освои два сребрени медали на силниот 8.Меѓународен „Хереја опен 2017“ во Софија на кој учествуваа 1200 натпреварувачи од 29 земји,и е еден од нај силните турнири во регионт.

Стефан Димовски (21 кг) во пионерска конкуренција освои сребрен медал, со што полека но сигурно покажува дека е голем талент од кого може да се очекува многу од него во иднина. Давид Цеков кај постарите пионери постари б класа -52 кг исто така се закити со сребрен медал со две победи и пораз во финалето.

Феникс кик учествуваше со 6 натпреварувачи на овој турнир.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО