Со настапот на Бобан Данов заврши Европското првенство за македонските борачи (ВИДЕО)

Бобан Данов загуби од Белорусинот Ихар Џијатко со 1-7 на Европското првенство во борење за сениори во Рим, Италија.

Така и нашиот последен натпреварувач ги заврши натпреварите на Европскиот шампионат.

Во исто време данов имаше и друга улога, да му биде спаринг партнер на нашиот најголем адут за медал Могамедгаџи Нуров (-97 кг) и помошник на селекторот на репрезентацијата Лулзим Вранези.

Резултати
125 кг
Бобан Данов – Ихар Џијатко (Белорусија) 1-7
97 кг
Могамедгаџи Нуров Абдулрашид Садуалев (Русија) 2-8
Репасаж
Могамедгаџи Нуров – Ибрахим Болукбаши (Турција) 7-0
Могамедгаџи Нуров  Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан) 4-7
70кг
Фати Вејсели – Магомедмурад Гаџиев (Полска) 0-10 (тт)
Репасаж
Фати Вејсели – Јавуз Хајдар (Турција) 1-9
61 кг
Владимир Егоров – Арсен Харутјунјан (Ерменија) 0-6

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО