Смилковски златен, Аврамова сребрен и Неделковски бронзен медал на Кроација опен

stole-smikovski-prv-vo-budimpesta-2016

Македонските каратисти освоија три медала – златен, сребрен и борнзен на „Кроација опен 2016“ во Ријека-Хрватска.

Столе Смилковски од Олимпик спорт го освои златниот медал во кадетска конкуренција во категоријата до 57 килограми во борби. На патот до златото тој ги совлада Рикардо Бомеи-Италија, Лубомир Демски-Словачка, Роко Михалинец-Хрватска, Марко Марковиќ-Србија и во финалето Џенаро Витулано од Италија.

vladanka-avramova-na-kroacija-open-2016

Сребрен медал освои Владанка Аврамова – Урбан иневст во кати во кадетска конкуренција, а Александар Неделковски – Металург бронзен во оваа дисциплина. Ова и беше прв настап во кадетска конкуренција и на Владанка и на Александар.

aleksandar-nedelkovski-na-kroacija-open-2016

Аврамова имаше четири победи до финалето каде што загуби од Нина Хлавачкова од Словачка, а Неделковски три победи, при што во полуфиналето беше совладан од Јан Хартл-Словачка, додека во борбата за бронзениот медал славеше против Гергели Чишксај од Унгарија.

На турнирот настапија 1.563 натпреварувачи од 18 земји.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО